Некои аспекти на вклучувањето на Република Македонија на светскиот пазар

Atanasoski, Sasho (1999) Некои аспекти на вклучувањето на Република Македонија на светскиот пазар. Годишник на Економски – Факултет – Прилеп. pp. 209-221.

Full text not available from this repository.

Abstract

Ефикасното вклучувањето на Република Македонија во светскиот пазар има стратешко значење за нејзиниот натамошен севкупен развој. Досегашната вклученост на Република Македонија на светсиот пазар е недоволна и неефикасна. Поради тоа, неопходна е стратегија за поефикасно вклучување и интегрирање на македонската економија во светскиот пазар и светската економија. Во основата на оваа стратегија треба да биде обезбедувањето на услови за економско, правно, политичко, социјално, организационо и друго функционирање на Република Македонија во согласност со европските и светските стандарди. Само на таков нажин Република Македонија ќе може да ја изгради и зацврсти интегралната конкурентност на нејзината економија како суштинска претпоставка за ефикасно вклучување на светскиот пазар. За да се постигне тоа неопходни се осмислени, брзи и силни реформи во сите сфери на општественото живеење, а во тој контекст особено во економската сфера. Основната цел на промените и реформите во економската сфера треба да биде озбезбедување на стабилен раст и развој на македонската економија. Во таа смисла во трудот се понудени генерални размисли за тоа како да се стигне до остварувањето на оваа цел.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 21 Feb 2020 10:42
Last Modified: 21 Feb 2020 10:42
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3204

Actions (login required)

View Item View Item