Од студискиот престој во Велика Британија

Zdraveski, Dejan (2011) Од студискиот престој во Велика Британија. Еквилибриум (4). pp. 17-19. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/ekvilib...

Abstract

Во рамките на ТЕМПУС проектот „Магистерски студии по претприемништвото и локалниот економски развој“, во периодот од 20 јуни до 20 јули, асистентот Дејан Здравески имаше можност да оствари едномесечен студиски престој на Универзитетот на Западна Англија (University West of England-UWE) во Бристол, Велика Британија. Притоа, ваквиот престој беше реализиран во својство на докторант на Економскиот факултет во Прилеп. Бристол е град во Југозападна Англија со околу 433.000 жители во централниот дел на градот, додека поголемата урбана зона опфаќа околу 1.070.000 жители и претставува најголем културен, образовен и индустриски центар во овој регион. Во минатото Бристол бил едно од најважните пристаништа во Велика Британија, додека во последниве години економијата повеќе е насочена кон креативните медиуми, електрониката и авионската индустрија, а пристаништето е трансформирано во центар на наследството и културата. Неговиот градски пејзаж е комбинација на Грегоријанската и Викторијанската архитектура дополлнета со модерни згради, што градот го прават динамична и космополитска средина. Доказ за атрактивноста на Бристол е тоа што тој се вбројува во топ 10. градови за посета во 2009 година од страна на најпродаваниот туристички водич во светот, DK Eyewitness.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 19:47
Last Modified: 21 Feb 2020 10:02
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3189

Actions (login required)

View Item View Item