Заеднички MBA студии со Френклин универзитетот од САД

Dimeski, Nikola (2011) Заеднички MBA студии со Френклин универзитетот од САД. Еквилибриум (4). pp. 5-6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/ekvilib...

Abstract

Во периодот од 1-12 мај, а во својство на координатор на заедничките МБА студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Френклин универзитетот од Охајо, САД, м-р Никола Димески зеде активно учество во програмата за размена на координаторите на Френклин МБА студиите, организирана од Френклин универзитетот што се одржа во Колумбос, Охајо, САД. Во програмата, исто така, учествуваа и координаторите и партнерски институции од следниве универзитети: 1. Wroclaw School of Banking, Poland 2. TEB Academia, Poland 3. Modern College of Business and Science, Oman 4. National Mining University, Ukraine 5. University of Economics of Bratislava, Slovakia 6. Vietnam National University, Vietnam 7. Megatrend University, Serbia. Градот Колумбос (Columbus), каде што е сместен Френклин универзитетот, е главен град и најголем во американската сојузна држава Охајо (Ohio). Името го добил според истражувачот Кристофер Колумбос, а четири години по формирањето, во 1816 година, тој станал главен град на државата. Економијата на градот е разновидна и се заснова на образованието, банкарскиот сектор, одбраната, авијацијата, прехранбената, металската и текстилната индустрија, логистиката и технологијата. Колумбос е дом на најголемиот приватен институт за истражување и развој во светот, Battelle Memorial Institute. Тој, исто така, е седиште на CAS (Chemical Abstracts Service), најголемата компанија во светот за складирање, обработка, услуги, односно најнапреден извор на дигитални информации од областа на хемијата што се користат за разновидни научни истражувања и откритија. Во Колумбос се наоѓа Ohio State University, најголемиот образовен центар во САД. Дополнително, пак, големи светски корпорации имаат свои седишта токму во Колумбос. Во 2007 година магазинот, fDi Magazine го рангира Колумбос како трет град на иднината во САД. Во 2008 година познатиот магазин, Forbes Magazine, го рангира како број 1 моментален и иден технолошки град во САД, а истата година, пак, Market Watch го избира Колумбос за седмо најдобро место за бизнис во САД. Во 2009 година Business Week го избрира Колумбос за најдоброто место во САД за подигнување семејство, додека во истата година зоолошката градина и аквариумот на Колумбос беше рангирана како број 1 дестинација од USA Travel Guide. Во 2011 година пет компании од градот се позиционирани на листата на U.S. Fortune 500. Сето ова говори не само за економскиот и технолошкиот развој на Колумбос, туку и за целокупното значење на овој град за Соединетите Американски Држави.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 19:46
Last Modified: 21 Feb 2020 10:00
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3184

Actions (login required)

View Item View Item