Примена на статистиката во научното истражување

Sotiroski, Kosta (2011) Примена на статистиката во научното истражување. Еквилибриум (3). pp. 18-19. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/ekvilib...

Abstract

Во статистичката теорија и практика многу автори го поддржуваат фактот дека статистиката во својата суштина претставува научна методологија за квантитативно и квалитативно истражување на варијабилитетот на белезите од масовните појави и процеси во состојба на мирување, движење во текот на времето и нивната меѓузависност. Тука е значајно да се напомене и современото концепциско сфаќење на статистиката дека, врз основа на информациите од дескриптивната анализа, се врши прогноза, проекција, предвидување и симулација за идните развојни тенденции на појавата или процесот, што претставува предмет на научното истражување. Во тој контекст, битна е трансформацијата и интерпретацијата на податоците (суровите статистички податоци за белезите на истражуваната појава или процес) во мета податоци, односно информации (статистики и параметри, како што се: средна вредност, стандардна девијација и сл.), на информациите пак во мета информации, односно знаење (интервалско оценување на параметрите за истражуваната појава или процес), преку што се реализира прогнозата, проекцијата, предвидувањето и симулацијата. Овде се поставува прашањето: во кои сегменти или во кои фази на нучните истражувања се применуваат статистичките методи? Имено, уште на самиот почеток, кога се врши избор на темата за научно истражување, се наметнува потребата за статистички податоци на истражуваната појава, или процес, нивната расположливост, достапност, мерливост, изворите и сл. Натаму, тие се применуваат во подготовката и изработката на нацрт за научното истражување, собирањето и обработката на податоците и пишувањето извештаи. Исто така, во фазата на дефинирање на методологијата на истражувањето статистиката, со сите нејзини перформанси, зазема клучно место. Имено, статистичките методи и техники се научно засновани методи, а општоприфатлив е фактот дека во почетокот на секое научно истражување се дефинира научната хипотеза што според својата резултанта, треба да се прифати или отфрли врз основа на конкретните реализации на истражуваната појава, претставени преку статистички податоци. Статистичките методи, исто така, се употребуваат во дефинирањето работни хипотези, планирањето и изведувањето експериментални истражувања (компјутерска симулација), обработката и прикажувањето на податоците, статистичкото заклучување, обработката на резултатите од истражувањето и сл. Изборот и користењето на статистичките методи и техники, како на пример: дескриптивната и инференцијалната статистика, анализата на временските серии, регресионата и корелационата анализа (со соодветна софтверска подршка) се потенцијални претпоставки за успешна реализација на научните истражувања. Имено, неопходно е дефинирање и реализација на следниве претпоставки: - целосно познавање на теоретскиот концепт на статистичките методи и техники; - познавање на специфичностите на статистичките методи и техники и соодветен ефикасен избор на нивните најдобри модалитети; - познавање на најцелисходните софтверски решенија (статистички пакети, статистички калкулатори, алатки во Microsoft Excel за статистичка анализа, on-line статистички апликации и сл.) - познавање на перформансите на статистичките методи и техники и нивното значење, - креирање соодветни статистички извештаи и нивно интерпретирање и применување; - доследна примена на статистичката терминологија; - познавање на структурата (архитектурата) на статистичките бази на податоци, - администрирање со статистичките бази на податоци и сл. Во овој контекст, треба да се додаде дека за успехот во научната работа не се доволни само талентот, работата и љубовта, туку и познавањето и неминовната примена на статистичките методи и техники што научно се засновани и обезбедуваат доследна реализација на наведените претпоставки.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 21 Feb 2020 09:58
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3180

Actions (login required)

View Item View Item