Прво место за одбојкарската екипа на Економски факултет-Прилеп

Sotiroski, Kosta (2011) Прво место за одбојкарската екипа на Економски факултет-Прилеп. Еквилибриум (3). p. 14. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/ekvilib...

Abstract

Во организација на Студентскиот парламент на Економски факултет, а со поддршка на деканатската управа на Факултетот, во периодот од 1 до 5 април 2011 година група од 16 студенти учествуваа на 14. Македонски студентски игри (МСИ), што се одржаа во Охрид. На игрите зедоа учество факултетите од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Универзитетот „Св. Климет Охридски“ од Битола, Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Американ Колеџ од Скопје. Студентите на Економски факултет-Прилеп се натпреваруваа во фудбал и одбојка. Фудбалерите беа несреќно елиминирани во второто коло, а одбојкарската екипа убедливо го освои првото место. Имено, во полуфиналето нашите одбојкари ги победија своите колеги од Машинскиот факултет од Скопје со резултат 2:0 во сетови (25-20, 25-17). Во финалето, пак, коешто се играше на 3 добиени сетови, убедливо со 3:0 во сетови (25-13, 25-21, 25-20) ги победија своите колеги од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје. За одбојкарскиот тим на нашиот Факултет настапија: Златко Богојоски, Никола Алексоски, Драган Тодоров, Александар Савиноски, Игор Димоски, Ласте Јосифов, Марјан Колески и Христијан Димитриески. За освоеното прво место нашите одбојкари добија пехар. За севкупен победник на МИС 2011 беа прогласени студентите од Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 21 Feb 2020 09:57
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3178

Actions (login required)

View Item View Item