Недела на АД Витаминка

Risteska, Fanka (2011) Недела на АД Витаминка. Еквилибриум (3). p. 12. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/ekvilib...

Abstract

Економски факаултет-Прилеп ја продолжува неколкумесечната практика на организирање предавања од истакнати стручњаци од бизнис секторот во Република Македонија. Овие активности се одвиваат во рамките на Центарот за перманентно професионално усовршување со што се остварува соработка меѓу Факултетот и бизнис секторот, односно меѓу теоријата и практиката. Во тој контекст, во просториите на Факултетот беше организирана Недела на АД. „Витаминка“ од Прилеп, којашто содржеше повеќе активности. Активностите започнаа на 14 април кога во просториите на Економскиот факултет-Прилеп беше одржана промоција и дегустација на производите на оваа компанија, а потоа беше направена кратка презентација од страна на г-дин Симон Наумоски, претседател на Упрвниот одбор на компанијата. Имено, тој направи краток осврт на развојниот пат на акционерското друштво од неговото основање, па сé до денес и ги акцентира клучните стратегии што ја доведоа компанијата на едно од лидерските места во стопанството на нашата земја. Денес оваа компанија сé повеке се препознава според слоганот „Свет на вкусовите“, како и според производната програма со широк спектар производи. Основната стратегија на АД. „Витаминка“ е континуирано да се развива и да се потврдува кај широка група потрошувачи низ целиот свет. Како резултат на тоа, компанијата е препознатлива според големите и реални желби, но и упорноста за континуиран развој и постојаното ширење на пазарите ширум светот. Клучната стратегија на компанијата е во иднина да продолжи да излегува на светските пазари со целокупната своја производна програма, а тоа е стратегија што од година-во година дава позитивни резултати. Моменталните активности потврдуваат дека АД. „Витаминка“ сé повеќе и повеќе го зголемува бројот на своите купувачи во земјата и странство, но го зголемува и бројот на земјите во коишто ги пласира своите производи. Квалитетот на производите, дизајнот на пакувањата, експедитивноста во испораките и релативно ниските продажни цени се основните карактеристики што ја одбележуваат работата на оваа компанија. Овие активности се само уште една потврда дека оваа компанија ќе го продолжи своето успешно работење како и досега, без разлика на крупните случувања во светските стопански движења.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 05 Mar 2020 09:36
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3177

Actions (login required)

View Item View Item