Промоција на доктори на науки

Kostoska, Olivera (2011) Промоција на доктори на науки. Еквилибриум (3). p. 8. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.

Abstract

На 28. април 2011 година, со почеток во 10.00 часот, во Салата за состаноци на Ректоратот во комплексот Касарни-Битола, во чест на одбележувањето 32 години од основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола, се одржа свечена промоција на доктори на науки. На свечениот чин, на којшто присуствуваа декани и директори на единиците и придружните членки на Универзитетот, кандидатите за промоција и нивните најблиски, ректорот, проф. д-р Златко Жоглев, на пригоден начин, промовираше дванаесет доктори на науки, од кои четворица докторската дисертација ја одбраниле на Економскиот факултет – Прилеп и на тој начин ги исполниле сите услови за стекнување научен степен доктор на економски науки, и тоа:
Јанка Димитрова (наслов на дисертацијата: „Информативната функција на ревидираните финансиски извештаи на деловните субјекти од Република Македонија, при мобилизирањето капитал преку емисија на хартии од вредност“);
Оливера Костоска (наслов на дисертацијата: „Надворешната трговија и конкурентноста на македонската економија“);
Снежана Мојсоска (наслов на дисертацијата: „Инвестициските фондови, потреба и перспектива за функционирање и развој во Република Македонија“);
Стевчо Димески (наслов на дисертацијата: „Банкарскиот менаџмент во современите глобализирани финансиски пазари“).
На чинот на промоцијата деканот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, ги изнесе биографските податоци и податоците за работното движење на кандидатите, додека менторите (проф. д-р Пеце Николовски, проф. д-р Славица Роческа, проф. д-р Гордана Витанова, како и проф. д-р Димко Кокароски во име на проф. д-р Глигор Бишев), во кратки црти ги образложија докторските дисертации и резултатите од истражувањата.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 21 Feb 2020 09:56
URI: https://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3174

Actions (login required)

View Item View Item