Отворен ден

Angeleski, Marjan (2011) Отворен ден. Еквилибриум (3). p. 7. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/ekvilib...

Abstract

Оваа година Економскиот факултет-Прилеп за првпат, не само на ниво на факултетот туку и во рамките на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола воведе нова комуникациска содржина со матурантите - потенцијални студенти т.н. Отворен ден на Факултетот. Имено, на 06.04.2011 год. Економскиот факултет-Прилеп беше отворен за сите заинтересирани да го посетат и одблиску да се запознаат со техничките и просторните услови, односно условите за студирање на оваа високообразовна институција. Заинтересираноста од страна на матурантите беше огромна, така што Факултетот го посетија повеќе од 700 средношколци од четврта година од средните училишта од Прилеп, Битола, Крушево, Кавадарци, Неготино, Охрид, Кочани, Виница и многу други, заедно со дел од нивните професори. Есенцијалните пораки за значењето на овој ден, мисијата на Економскиот факултет како респектабилна високообразовна институција во државата и странство, како и привлечноста, високата кореспондентност меѓу реалните потреби на општеството и програмската насоченост на Факултетот да продуцира дипломирани економисти според тие потреби, на потенцијалните студенти им ги пренесе деканот на Економскиот факултет – Прилеп, проф. д-р Ѓорѓи Манчески. За условите и современиот начин на студирање на факултетот, можностите за континуирано продолжување на процесот на образование преку нудење атрактивни студиски програми на првиот, вториот и третиот циклус студии, како и условите за упис зборуваше продеканот за настава, доц. д-р Марјан Ангелески. Од името на студентите на Економскиот факултет-Прилеп на присутните им се обрати Афродита Секуловска. Таа ги изнесе своите импресии, досегашните искуства и можности за стекнување знаења на нашиот Факултет и ја потенцира улогата на Студентскиот парламент на Факултетот во збогатувањето на спортскиот, културниот и забавниот живот на студентите. Матурантите на отворениот ден ја имаа можноста да се сретнат и со студентите кои студираат на нашиот Факултет, да разменат мислења и да ги слушнат нивните искуства, а ја имаа и можноста да ги разгледаат просторните и техничките услови преку реализација на посебна програма од страна на соработничкиот кадар, а на секој матурант му беше поделен и пригоден промотивен материјал.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 18:56
Last Modified: 21 Feb 2020 09:54
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3172

Actions (login required)

View Item View Item