Индивидуализмот versus колективната свест

Gligorovski, Violeta (2011) Индивидуализмот versus колективната свест. Еквилибриум (2). p. 17. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/Mart.pd...

Abstract

Човековата природа е диференцирана од едно иманентно телеолошко егзистирање на индивидуалитетот. Имено, тоа е она што нé апстрахира од материјализмот и ни додава една повисока вредност на егзистирање. Вредност, во која сопствената самореализација има кулминативен карактер. Парадоксално, но вистинито: она што е антипод на нас самите, тоа нé дефинира, во случајов, колективната свест. Сите ние егзистираме во некое ограничување што, како такво, нас не нé дефинира, туку само ни дава позиција, од каде што дејствуваме. Колективноста, изразена во форма на општество, култура или систем на вредности, е само основа на којашто натаму го градиме индивидуалитетот. Колективноста е комодитет, а индивидуализмот е конструктивно рушење на комодитетот. Индивидуализмот, како авангарда на постоењето, се наметнува низ субјективната призма на визуелизација на стварноста и егзистенцијата воопшто. Она што го нуди колективната свест е само состојба, но не и иницирање и градење сопствени ставови преку коишто добиваме афирмација на сопственото битие. Токму и нашето егзистирање е во постојан конфликт меѓу нас самите, како индивидуалци, и оној систем или форма во којашто егзистираме, на микро и макро ниво. Конфликт којшто подоцна би нé дефинирал нас, и нашата цел на постоење. Решавањето на конфликтот не е адаптацијата во формата во којашто егзистираме, туку критка на содржината во формата, давајќи еден сопствен став на нештата. Тој став е обликот преку којшто се афирмираме себеси како индивидуалци, надвор од формата на колективната свест. Адаптацијата со својот дуалитет има негатвна конотација кога станува збор за колективната свест наспроти, решавањето на постоечкиот конфликт. Објективизацијата на сопствените ставови е сублимат на нашата вечна борба меѓу себе и она што постојано нé конфронтира, а тоа е колективната свест. Оној момент кога објективно ќе ја перцепираме својата субјективност, тоа е моментот кога стануваме индивидуалци.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 14:50
Last Modified: 21 Feb 2020 09:53
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3169

Actions (login required)

View Item View Item