Атрактивноста на Hedge-Like Mutual Funds

Kokaroski, Dimko and Djaleva, Tatjana (2011) Атрактивноста на Hedge-Like Mutual Funds. Еквилибриум (2). pp. 14-15. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/Mart.pd...

Abstract

Hedging е практика на купување и држење хартии од вредност заради намалување на ризикот на портфолиото. Hedging-от може да звучи како внимателен пристап за инвестирање, наменет да обезбеди суб-пазарен враќање, но често се смета за најагресивен за инвеститорите кои „hedge-ираат“. Hedge фондовите уживаат огромни добивки, користејќи алтернативни стратегии, што често ги надминуваат традиционалните инвестиции, како што се, на пример, акциите, заедничките фондови и обврзниците. Нивниот успех доведе до релативно нова класа на заеднички фондови, како имитација на hedge фондови, преку усвојување и прифаќање алтернативни стратегии. Овие релативно нови алтернативни фондови се нарeкуваат „hedge-like mutual funds” или „алтернативни заеднички фондови“ (alternative mutual funds). Што се однесува до историјата на hedge-like mutual funds, познато е дека првично тие се јавија како одговор на успехот на hedge фондовите, коишто се ексклузивни инвестициски двигатели, ограничени на акредитирани инвеститори. Hedge, како заеднички фонд, им нуди на традиционалните инвеститори можности да менаџираат со нивните пари во рамките на портфолијата, преку користење некои од веќе познатите алатки и инвестициски стратегии, достапни единствено за менаџерите на hedge фондот. Hedge-like mutual funds ја стекнаа својата популарност преку капитализирање на популарноста на hedge фондовите, бидејќи одржувањето на сигурноста на инвестирање и транспарентноста се пронајдоа токму во овие заеднички фондови. Заедничките фондови, обично, се почувствителни на промените на пазарот и имаат поголема транспарентност за инвеститорите, отколку hedge фондовите. Дел од она што ги привлекува инвеститорите кон hedge-like mutual funds е можноста од повисоки враќања на вложувањата. Другата „симпатија“ се наоѓа во способноста да се имплементираат алтернативни стратегии, без да се биде индивидуа со висока нето вредност. Имено, hedge-like mutual fund е достапен за инвеститорите со просечни приходи. Поточно, тој им овозможува на инвеститорите со просечни приходи да уживаат во светот на алтернативните инвестиции и да ја искористат можноста за диверзификација на нивните портфолија на уникатен начин. Hedge-like mutual fund користи широк спектар алтернативни стратегии. Како популарна стратегија е веќе спомнатата тн. “long-short” стратегија. Карактеристично за неа е тоа што лицето купува акции за да ги држи сé додека (истовремено) врши продажба на акциите. Друга Hedge-like mutual fund стратегија е пазарно-неутралниот заеднички фонд или market-neutral mutual fund каде што постои подеднаква поделба на долгите и кратки позиции. Ценовноста на hedging инструментите е поврзана со потенцијалниот downside risk на хартијата од вредност. Downside risk, а последователно и ценaта на опцијата, примарно е функција на времето и нестабилноста. Индекс инвеститорите сé почесто покажуваат интерес за hedging-от заради ублажените ценовни опаѓања, наместо острите опаѓања, бидејќи овие типови ценовни опаѓања се многу непредвидливи, а релативно секојдневни. Така, за овие инвеститори тн. “bear put spread” може да биде рентабилно решение. Во стратегијата bear put spread инвеститорот купува опција со висока strike цена и продава една со пониска цена, и тоа во истиот ден на истекување. Треба да се забележи дека ова обезбедува лимитирана заштита, a максималната исплата е разликата меѓу две strike цени. Честопати ова е доволна заштита при справувањето со благи до умерени опаѓања. Друг начин да се извлече најголемата вредност од hedge-от е купувањето најдолга пут опција којашто е на располагање. Генерално, ценовната разлика меѓу шестмесечната пут опција и тримесечната опција е околу 50%. При купувањето опција маргионалниот трошок во секој нареден, дополнителен месец, е помал од оној во претходниот. Ова, исто така, значи дека пут опциите можат да бидат екстензирани многу ефикасно во поглед на трошоците. Доколку еден инвеститор има шестмесечна пут опција на хартија од вредност со определена специфична или strike цена, таа може да се продаде и да се замени со 12-месечна опција со истата strike цена. Ова може да се прави постојано. Таквата практика е наречена “rolling”, односно “put rolling”. Со rolling опциите и одржувањето на strike цените блиску до, но не и подолу од пазарната цена инвеститорот може да го користи hedge-ингот многу години. Ова е многу корисно заради поврзаноста со високи левереџ инвестиции, како и со индексните фјучерси или позициите на акциите. Намалувањето на трошоците со додавање дополнителни месеци за пут опцијата, исто така, креира можност за користење “календарско ширење” за ставање евтин hedge на местото на некој датум. Календарското ширење се создава со купување долгорочни пут опции и продавање краткорочни пут опции според истата специфична или strike цена. Опасноста, пак, се состои во тоа што инвеститорскиот downside risk е непроменет за момент, и доколку цената на акциите значително опадне во следните неколку месеци, тогаш инвеститорот може да се соочи со донесување потешки одлуки. Дали тој/таа треба да практикува долги пут опции и да ја изгуби нивната преостаната временска вредност? Или, инвеститорот треба да ги купи назад кратките пут и ризик опции, ангажирајќи дури и повеќе пари при загубарска позиција? Во поволни околности календарското растегнување на пут опциите може да резултира во евтин долгорочен hedge, а потоа може да се изврши пут rolling на неопределено време. Но, како и да е, инвеститорите мораат да ги разгледаат сценаријата многу внимателно за да се осигураат дека тие биле претпазливи во однос на воведувањето нови ризици во нивните инвестициски портфолија. Hedging-от вклучува заземање врамнотежена позиција во деривативи за да се билансираат какви било добивки или загуби во основните средства. Hedging-от се обидува да ја елиминира нестабилноста поврзана со цената на средствата преку заземање позиција за врамнотежување, спротивно на она што инвеститорот во моментот го поседува. Од друга страна, главната цел на шпекулацијата е да се профитира од облогот во насоката според којашто ќе се движат средствата. Hedge-like mutual funds се уникатен и, во голема мера, неистражен агол во областа на заедничките фондови. Уникатните и единствени инвестициски перспективи и алатки ги издвојуваат нив од останатите придонеси на заедничките фондови и им обезбедуваат долготрајна позиција во рамките на оваа област. Hedging-от може да се согледа како трансфер на непожелен ризик од портфолиото на менаџерот кон осигурувачот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 14:50
Last Modified: 21 Feb 2020 09:53
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3167

Actions (login required)

View Item View Item