Воведен збор

Nikoloski, Dimitar (2011) Воведен збор. Еквилибриум (2). p. 3. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/Mart.pd...

Abstract

Почитувани, Вториот број на „Еквилибриум“ донесува нови и интересни содржини што се надеваме дека ќе го привлечат вашето внимание. И покрај тоа што секој почеток, сам по себе, е тежок и неизвесен сепак, за нас е предизвик „Еквилибриум“ сé пошироко да допира до читателската јавност. Затоа, се потрудивме покрај електронската верзија, нашето гласило да го доживее и своето печатено издание кое што ќе биде лесно достапно за различните слоеви читателска публика. Во меѓувреме, со одлука на Деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески формиран е редакцискиот одбор на гласилото, а именувани се и лицата задолжени за лектура и техничко обликување. На овој начин, „Еквилибриум“ се промовира во етаблирано списание коешто ќе информира, и ќе биде отворено за сите вработени во Факултетот како арена за дебатирање интересни економски теми. И во овој број доминираат рубриките коишто претендираат да станат вообичаени за гласилото на Економски факултет-Прилеп. Имено, тука ќе ги споменеме текстовите со информативен карактер преку коишто сакаме да ги промовираме тековните збиднувања во нашиот факултет како што се: Недела посветена на компанија, истакнатите стручњаци од бизнисот што гостуваат како предавачи и новата докторска програма за претприемништво и менаџмент на мали и средни претпријатија. Покрај тоа, треба да се споменат и рубриките посветени на интервју со истакнат бизнисмен и макроекономскиот барометар што овој пат се однесува на информации од Македонската берза. Особено збогатување на содржините во „Еквилибриум“ дава методолошкото катче што, во овој број е посветено на определување на делокругот на методологијата, а не помалку интересни се и останатите текстови со стручни и есеистички содржини. Свое место и посебно значење во нашето гласило наоѓаат и текстовите од студентите што сами по себе зборуваат за разнообразноста на студентскиот живот. На ова место, би сакал да го најавам „Отворениот ден“ на Економски факултет-Прилеп што треба да се случи на 6 април, оваа година. За овој настан на Факултетот се предвидуваат повеќе активности во текот на целиот ден коишто ќе имаат за цел да ги промовираат наставните програми, условите за студирање како и лепезата останати активности што идните студентите ги имаат како можност доколку се одлучат да се запишат на нашиот факултет. Во тој контекст, подготвен е богат промотивен материјал, а вработените наставници, соработници и останатиот персонал на Факултетот ќе бидат на располагање да се претстават во најдобро светло пред идните студенти. Се очекува средношколците во голема бројност и од разни краеви на Република Македонија организирано да нé посетат и да се запознаат со предностите да се студира на Економски факултет-Прилеп. Се надеваме дека ваквите отворени денови ќе станат вообичаена пракса на Факултетот и за нивното реализирање „Еквилибриум“ редовно ќе информира. Сметаме дека „Еквилибриум“ продолжува успешно да балансира помеѓу различните економски теми и да донесува информации коишто ќе ви бидат од ваша корист. Впрочем, тоа претставуваше идејната концепција за која, искрено се надеваме дека ќе ги обедини различните видувања и ќе даде придонес во развојот и поуларизацијата на економската наука. Очекуваме нагорната тенденција на „Еквилибриум“ да продолжи и натаму, како во бројноста и квалитетот на текстовите, така и во стекнување сé помасовна читателска публика.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 14:49
Last Modified: 21 Feb 2020 09:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3161

Actions (login required)

View Item View Item