Свечено доделување дипломи на дипломираните економисти

Angeleski, Marjan (2010) Свечено доделување дипломи на дипломираните економисти. Еквилибриум (1). p. 8. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/final_E...

Abstract

На 14 декември на Економскиот факултет – Прилеп беа доделени дипломите на 180 дипломирани економисти кои на ЕФП дипломирале во периодот од 1 април до 31 октомври 2010 год. Свечениот собир го поздравија и на присутните им се обратија деканот на Факултетот, проф. д-р Ѓорѓи Манчески, и ректорот на Универзитетот, проф. д-р Златко Жоглев. Традиционално, Економскиот факултет – Прилеп ги наградува најдобрите дипломирани студенти и им доделува парични награди и пофалници. На оваа свеченост со парична награда од 7000 денари беа наградени студентките Јовческа Марина и Костоска Анета со просечен успех од 9,86 и шест студенти со парична награда од по 5000 денари со постигнат просечен успех повисок од 9,50. Овие студенти ја имаа ретката привилегија наградите и дипломите да им ги врачи ректорот на нашиот Универзитет, проф. д-р Златко Жоглев. Сите дипломирани студенти со просечен успех повисок од 9,00 добија пофалници за постигнатите резултати. Имајќи ја предвид перманентната соработка на Економскиот факултет – Прилеп со бизнис секторот, две реномирани компании од градот, и тоа АД “Витаминка” – Прилеп и АД “Жито Прилеп” - Прилеп на студентките Јовческа Марина и Костоска Анета, кои постигнаа највисок просечен успех во текот на студирањето, им подарија лаптоп компјутери. Лаптопите им ги врачија преставниците на компаниите, г-дин Симон Наумоски и г-дин Горан Јанков. Свеченоста заврши со пригоден коктел во холот на Економскиот факултет – Прилеп.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 13:54
Last Modified: 21 Feb 2020 09:43
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3153

Actions (login required)

View Item View Item