Меѓународна конференција „Економијата и бизнисот во пострецесискиот период“

Nikoloski, Dimitar (2010) Меѓународна конференција „Економијата и бизнисот во пострецесискиот период“. Еквилибриум (1). p. 6. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/final_E...

Abstract

По повод 50-годишнината од своето постоење Економски факултет-Прилеп организираше меѓународна научна конференција насловена „Економијата и бизнисот во пострецесискиот период“. Целта на Конференцијата беше отворање научна дебата за состојбите и перспективите на економијата и бизнисот како на светско, така и на национално ниво врз основа на искуствата стекнати од глобалната економска рецесија. Учесниците на Конференцијата беа поделени во две сесии, и тоа: главна сесија и сесија за млади истражувачи. На главната сесија имаше пријавено вкупно 57 реферати, додека на сесијата за млади истражувачи имаше вкупно 29 пријавени реферати. Според својата содржина, рефератите покриваа различни тематски подрачја, како што се: глобална и национална економија, маркетинг, улогата на информациските технологии, финансии, социо-економски проблеми и тн. Расправата во врска со поднесените реферати во главната сесија беше реализирана преку панел дискусија на којашто активно учество зедоа поголем број од учесниците на Конференцијата. Во својство на воведничари на панел дискусијата беа професорите д-р Славица Роческа, д-р Пеце Митревски и д-р Димко Кокароски. Заклучните согледувања од Конференцијата се карактеризираа со темелност и сеопфатност, што произлезе од разнородноста на третираната научна проблематика. На овој начин, Економскиот факултет-Прилеп ја продолжи повеќедецениската традиција за организирање конференции од меѓународен карактер на актуелни теми од областа на економијата и бизнисот, со што ја потврди својата лидерска улога во економската наука во регионот и пошироко.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 13:42
Last Modified: 21 Feb 2020 10:04
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3149

Actions (login required)

View Item View Item