Воведен збор кон првиот број

Mancheski, Gjorgji (2010) Воведен збор кон првиот број. Еквилибриум (1). pp. 3-4. ISSN 2671-3349

Full text not available from this repository.
Official URL: http://www.eccfp.uklo.edu.mk/files/biltens/final_E...

Abstract

Економскиот факултет во Прилеп во својот 50 - годишен развој бил исправен пред многу предизвици и промени од окружувањето, но секогаш успешно се справувал и бележел континуиран прогрес. Факултетот, всушност, е формиран како резултат на нараснатите потреби од стопанстото. Имено, во почетокот била формирана Виша книговодствена школа, а потоа таа се трансформира во Висока економска школа за, на крај, во 1963 година да се етаблира како Економски факултет. Стратегискиот развој на Економскиот факултет секогаш бил инспириран од визионерските погледи на основачите кои знаеле да ги откријат потребите на иднината. Едукациската парадигма на Факултетот, денес, е фундирана врз зголемувањето на квалитетот на студирањето, поттикнување на креативните потенцијали кај студентите, распознавање на знаењата и искуствата, мотивирање, социјална интеракција, тестирање на промените, респектирање на новите идеи и визија за иднината. Основните ориентири на Факултетот биле, а и денес, главно, се насочени кон подготвување на студентите за успешно вклучување во економските движења на земјата и надвор од неа, организирање и адаптирање на студиските програми кон потребите на стопанството, меѓународниот бизнис и глобализациските текови, интегрирање на интернационалните димензии во научноистражувачките активности, наставата и воннаставната едукација на студентите, осовременување на наставната методологија и обезбедување услови за квалитетно образование, што гарантираат респект и акредитација на институцијата и во меѓународни рамки. Реформскиот процес на Факултетот постојано е во согласност со современите текови во образовниот систем и се движи во правец на перманентно подобрување на квалитетот на студирањето, имплементирање на европскиот кредит трансфер систем, продлабочување на врските со стопанството и примена на најновите достигнувања во економската мисла. Во тој контекст, горди сме што Факултетот се реализира како современа, искусна и атрактивна образовна и научноистражувачка институција. Духот на научната економска мисла е втиснат не само на додипломските студии, туку и во профилирањето кадри на магистерските и докторските студии. Во фокусот на интересирање и перманентна грижа е подобрувањето на квалитетот на наставниот и научниот кадар на Факултетот. Овој процес резултира со тоа што Факултетот ги обезбедува врвните економски стручњаци – професори и соработници, кои се докажале како одлични познавачи на економските и сродните научни дисциплини. Почитувајќи ги таквите определби, Факултетот и денес гради политика за привлекување млади кадри кои, главно, се генератори и иницијатори на новите идеи за модернизирање и креативно дизајнирање на студиските планови и програми. Апликативната работа на наставниците и соработниците на Факултетот обезбедува воспоставување тесна соработка меѓу високото образование и деловните ентитети, а тоа отвора простор за проверка на знаењата и практична примена на усвоените сознанија и вештини во деловната реалност. Тоа е одлична можност и за промоција на профилот и кадарот што се школува на Факултетот пред деловните субјекти во Републиката. Имплементацијата на најновите трендови и достигнувања од информациската технологија во образовниот процес, едуцирањето и обуката на студентите за нивна ефикасна примена се уште една потврда за развојот на овој сегмент. Тоа го потврдува и фактот дека Факултетот, уште од почетоците на неговoто функционирање, односно од етаблирањето врши примена на информатичките знаења во економијата во правец на поддршка на бизнис процесите. Особено е значајно да се напомене дека Факултетот постојано се промовира и во издавачката дејност, а исто така неговото учество е непрекинато во апликација на низа проектни решенија за обезбедување одржлив економски развој на земјата. Следејќи го континуирано присутниот дух на издавачката дејност, се наметна идеајата да се започне со издавање на гласило на Економскиот факултет-Прилеп. Визијата е ова гласило да претставува медиум преку којшто ќе се промовираат современите трендови во економската мисла и наука, ќе се презентираат одделни совети за стопанството, ќе се следат најновите случувања на Факултетот, и тоа поврзани, главно, со студентскиот живот и многу други содржини со коишто ќе се анимира секој сегмент од функционирањето на нашата институција. Воспоставувањето рамнотежа помеѓу сите овие аспекти претпоставува голема умешност во владеењето на економската проблематика и идентификувањето на тековните проблеми. Оттука, само по себе се наметна името на ова гласило – „Еквилибриум“. Еквилибриумот, меѓу другото, претставува економски термин којшто означува состојба на рамнотежа на еден пазар. Но, овој поим со себе носи многу поголема метафора, а тоа е рамнотежата која е потребно да се воспостави меѓу различните економски дисциплини и уште повеќе, во сите сфери од живеењето. Се надеваме дека со ова наше гласило ќе придонесеме за постигнување на ваквата рамнотежа во развојот во Факултетот и воопшто во економската наука. Преостанува на „Еквилибриум“ да му посакаме долговечност и успех.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 20 Feb 2020 13:41
Last Modified: 21 Feb 2020 10:03
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/3148

Actions (login required)

View Item View Item