Клучни компетенции за развој на талент менаџментот во функција на конкурентската предност на организациите

Sotiroski, Kosta and Janeska, Margarita and Taleska, Suzana (2013) Клучни компетенции за развој на талент менаџментот во функција на конкурентската предност на организациите. In: втора Меѓународна Конференција „Современи менаџерски предизвици и организациските науки“, Битола.

This is the latest version of this item.

[img] Text
Janeska, Sotiroski, Taleska BAS 2013.doc

Download (120kB)

Abstract

Светот на бизнисот е динамичен повеќе од кога и да било досега, а тоа е резултат два основни тренда: брзиот развој на новите технологии, а посебно информациските и голобализацијата. Современите услови на стопанисување и водење на деловни бизниси значително ги променија претпоставките на планирањето и дејствувањето на стратегискиот менаџмент. Пред топ менаџментот се поставија предизвиците иницирани од интензивното динамичко окружување, а пред се, од се поголемиот квантум на потребно и расположливо (екстерно и интерно) знаење, како за компанијата така и за конкуренцијата. Сето тоа налага во процесот на деловно стратегиско одлучување да се вклучи целисходно управување со организациското знаење и менаџери кои ќе бидат носители на тој нов концепт. Имено, тој концепт се заснова на зголемување на индивидуалните компетенции на секој менаџер поодделно, како и вкупните менаџерски компетенции на компанијата на начин кој овозможува квалитетно управување со различните модалитети на знаења. При тоа, процесот на управување со знаењето во рамките на компанијата и процесот на развој на менаџерските компетенции треба да се комплементарни, компатибилни и да овозможуваат нивна симултана реализација. Евалуацијата на компетентоста на менаџерите треба да биде основа за креирање на развојни планови на акција за развој на тален менаџментот. Истата е основа за поставување објективни критериуми за развој и идентификација на приоритетите на талентот. Организациите почнуваат да ја ценат стратегиската вредност на талентот и неговото влијание врз постигнувањето повисоки организациски перформанси. Тоа претставува голема промена во начинот на водење на бизнисот од аспект на вредноста на човечките ресурси. Во услови на економија базирана на знаење, истиот не претставува приоритет, туку императив на современиот бизнис. Од тој аспект мора да постои корелација меѓу моделите на компетентност, бизнис стратегиите, стратегиите за управување со талентот и деловните резултати. Поради тоа треба да се креира модел за талент менаџмент, што ќе биде показател како талентот се движи низ организацијата и низ поодделните процеси. На тој начин ќе може да се измери ефектот на секоја компонента од тој модел, што ќе биде основа за донесување битни стратегиски одлуки за талент менаџментот. Бизнис резултатите треба да бидат повратна врска за превземање корективни акции и мерки со цел креирање нови бизнис и талент стратегии. Клучни зборови: управување со знаењето, менаџерски компетенции, модели на компетенции, талент менаџмент, организациски перформанси.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 15 Feb 2020 16:29
Last Modified: 15 Feb 2020 16:29
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2944

Available Versions of this Item

  • Клучни компетенции за развој на талент менаџментот во функција на конкурентската предност на организациите. (deposited 15 Feb 2020 16:29) [Currently Displayed]

Actions (login required)

View Item View Item