Систем “Just–in–time”-“точно навреме

Vitanova, Gordana and Spaseska, Tatjana (2007) Систем “Just–in–time”-“точно навреме. Zbornik na trudovi na DNU.

Full text not available from this repository.

Abstract

Досегашното искуство од примената на just-in-time системот докажа дека оваа иновација во производството и набавките може да се адаптира во организациските структури како стратегија со која може да се стекне предност во однос на конкуренцијата. Во обемната литература која се занимава со проучување на just-in-time методологијата, идентификувани се неколку карактеристики на овој систем, и тоа: добра соработка со добавувачите, набавка на квалитетни материјали, точно определена количина на набавките, брз транспорт, поддршка од топ менаџментот, како и обука и соработка меѓу вработените. Ефектите од имплементацијата на овој систем вклучуваат повисока вредност на коефициентот на вртење на залихите, зголемена продуктивност и квалитет на производите, што всушност води кон редуцирање на производствените трошоци. Висококвалитетните производи и редуцираните трошоци вообичаено резултираат во пониски цени, што од друга страна придонесува до зголемена реализација и повисоки профити.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 12 Feb 2020 12:37
Last Modified: 12 Feb 2020 12:37
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2759

Actions (login required)

View Item View Item