Тргување со хартии од вредност (со посебен осврт на обврзниците)

Pasovska, Silvana and Miceski, Trajko (2013) Тргување со хартии од вредност (со посебен осврт на обврзниците). „Ацетони" Прилеп. ISBN 978-608-4746-01-0

Full text not available from this repository.

Abstract

На финансискиот пазар постои шаренило од облиците, карактеристиките и структурираноста на хартиите од вредност, но најважни се оние кои можат да се најдат во портфолиото на инвеститорите, без оглед на тоа дали се работи за портфолио менаџери или за поединечни инвеститори – физички лица. Всушност, портфолиото се структурира преку избор на хартии од вредност според рочноста, приносот, ликвидноста и инвестиционите преференции или познавања на секторот на интересот. Цените на овие хартии од вредност варираат под влијание на промените на преовладувачките каматни стапки и нивните специфични ризични фактори. Затоа, тие треба добро да се познаваат , за да може и портфолиото да се менува согласно со промените во економско – политичкото опкружување. Берзите денеска се основните регулатори на пазарното стопанство, кои на организиран начин тргуваат со хартии од вредност, разни материјални добра и девизи: Како неразделен дел од пазарот и пазарното стопанство воопшто , берзата е важен сегмент од чие функционирање и успешност зависи ефикасноста на пазарното стопанство. Инвестирањето во хартии од вредност , како и секое друго инвестирање, носи ризик. Но, инвестирањето во обврзници е помалку ризична форма на инвестирање од инвестирањето во акции, особено ако се купуваат обврзници на државата и општините и обврзници на профитабилни компании со висок кредитен рејтинг.

Item Type: Book
Uncontrolled Keywords: финансиски пазар, долгорочни должнички инструменти , берза, акции, обврзници, берзански индекси , курсен ризик, пазар на пари
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Scientific Tobacco Institute
Depositing User: Ms Biljana Jordanoska
Date Deposited: 06 Oct 2016 14:08
Last Modified: 06 Oct 2016 14:08
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/254

Actions (login required)

View Item View Item