КОНЦЕПТУАЛНА РАМКА И АНАЛИЗА НА БИЗНИС МОДЕЛИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО РАБОТЕЊЕ

Janeska, Margarita and Angeleski, Marjan (2005) КОНЦЕПТУАЛНА РАМКА И АНАЛИЗА НА БИЗНИС МОДЕЛИТЕ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО РАБОТЕЊЕ. In: Меѓународна научна конференција “Предизвиците на новата економија”, 14-16, Ohrid, Macedonia.

Full text not available from this repository.

Abstract

Организациската флексибилност и интензивната примена на електронската и мрежната бизнис инфраструктура стануваат нужни претпоставки на идниот деловен успех на секој стопански субјект. Технолошкиот напредок и глобализацијата на работењето бараат иновативен начин на размислување и работење, којшто се огледа во две димензии на работењето: процесите и структурата. Новите концепти како што се: агилно производство, квалитет на работењето, управување со синџирот на вредности, логистика, реинженеринг на деловните процеси и сл. претставуваат радикални и суштински промени на модалитетите на работењето. Во услови на изразита пазарна неизвесност, непредвидливост и постојани технолошки предизвици, деловните модели стануваат стожерна метода со којашто се објаснува успехот или неуспехот на работењето, а со тоа се поврзува и прашањето за пазарен опстанок. Развојот и анализата на бизнис моделите на компаниите им помагаат да утврдат каде и на кој начин се создава профит и нова вредност. Компаниите коишто не се доволно флексибилни или способни да ги менуваат своите модели на работење во услови на полна конкуренција отпаѓаат. Бизнис моделите во традиционалната економија ја следеа логиката на линеарно создавање на вредноста меѓу понудувачката и побарувачката страна, и како такви ги поддржуваа статичните и ретко променливи пазарни услови. Во условите на новата економија, таквите концепти се неодржливи, а нивната динамика и иновација нужни. Бизнис моделите на новата економија се интерактивни, флуидни, органски и вклучуваат голем број партнери кои истовремено играат различни улоги – добавувачи, купувачи, партнери. Развојот на новата економија и електронскиот начин на работење води кон профилирање, унапредување и поголема стабилност на новите деловни модели, пружајќи им прилика на сите стопански субјекти да се вклучат во конкурентската борба. Поради тоа може слободно да се каже дека прашањето за промена на моделот на работење станува прашање за опстанок на пазарот.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 06 Feb 2020 20:57
Last Modified: 06 Feb 2020 20:57
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2511

Actions (login required)

View Item View Item