УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ НА БРЕНД-КАПИТАЛОТ ВО СТРАТЕГИСКИОТ БРЕНД-МЕНАЏМЕНТ

Midovska, Marija (2012) УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ НА БРЕНД-КАПИТАЛОТ ВО СТРАТЕГИСКИОТ БРЕНД-МЕНАЏМЕНТ. FIRST INTERNATIONAL SCIENCE CONFERENCE “CONTEMPORARY MANAGEMENT CHALLENGES AND THE ORGANIZATIONAL SCIENCES”. pp. 129-136.

[img]
Preview
Text
Trud BAS 2012.pdf

Download (485kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се обработува една исклучително суптилна проблематика, чијашто актуелност е евидентна во глобални размери. Имено, станува збор за обработка на специфична област на бренд-менаџментот којашто ја третира проблематиката за определување на елементите и факторите кои влијаат врз креирањето на висок капитал од брендот. Она што е важно за компаниите во денешни услови е да применат стратегиски пристап кон брендирањето, да посветат огромно внимание на креирањето на ефективни стратегии за корпоративно брендирање и бренд-портфолио стратегии кои ќе им овозможат понатаму креирање на висок бренд-капитал. За брендот се вели дека тој лично и емотивно се поврзува со потрошувачот и тоа поврзување се зголемува надвор од перцепираните карактеристики. Брендот е колекција на искуства и асоцијации поврзани со услуга, личност или некој ентитет. Како резултат на огромните бенифиции кои компанијата ги добива од брендовите се доаѓа до една категорија во бренд-менаџментот позната под името бренд-капитал (brand equity). Бренд-капиталот ја претставува вредноста која директно или индиректно се кумулира од бенифициите кои произлегуваат од брендот. Бренд капиталот е збир на средства (и обврски) поврзани со брендот кои му додаваат вредност на производот или услугата на компанијата и на потрошувачите на компанијата.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 06 Feb 2020 20:56
Last Modified: 06 Feb 2020 20:56
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2486

Actions (login required)

View Item View Item