Младите невработени и улогата на алтернативните механизми за приспособување на пазарот на труд – студија на случај за Република Македонија

Nikoloski, Dimitar and Pechijareski, Ljupcho (2014) Младите невработени и улогата на алтернативните механизми за приспособување на пазарот на труд – студија на случај за Република Македонија. In: Како до поголема вработливост на студентите и дипломците?, March 14, 2014, Skopje.

[img]
Preview
Text
Paper, Nikoloski and Pecijareski.pdf

Download (250kB) | Preview

Abstract

Пазарот на труд во Република Македонија се одликува со висока невработеност, голема застапеност на долгорочната невработеност и изразена сегментација. Во тој контекст младите претставуваат сегмент којшто се наоѓа во неповолна положба и е особено погоден од невработеноста. Во услови на недоволно креирање работни места во формалниот сектор, на пазарот на труд се јавуваат алтернативни механизми за негово прилагодување како што се: емиграција, неактивност и вработување во неформален сектор. Овие механизми апсорбираат дел од невработените, овозможуваат дополнителни приходи за нивните домаќинства и придонесуваат за намалување на негативните последици од високата невработеност како што се: сиромаштијата, економската нееднаквост и социјалната ексклузија. Во овој труд е направен обид преку емпириско истражување да се оцени улогата на алтернативните механизми за прилагодување на пазарот на труд кај младите невработени во Република Македонија. Добиените резултати од истражувањето се употребени за формулирање соодветни препораки за образовните политики во насока на подобрување на вработливоста на младите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 08 Dec 2019 20:33
Last Modified: 08 Dec 2019 20:33
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2155

Actions (login required)

View Item View Item