ИЛУСТРИРАН ПРИРАЧНИК ЗА MICROFIT 4.0 СО ЗБИРКА РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ПО ЕКОНОМЕТРИЈА

Nikoloski, Dimitar (2008) ИЛУСТРИРАН ПРИРАЧНИК ЗА MICROFIT 4.0 СО ЗБИРКА РЕШЕНИ ЗАДАЧИ ПО ЕКОНОМЕТРИЈА. Економски факултет-Прилеп, Прилеп. ISBN 9989-695-40-7

[img]
Preview
Text
0, Front, B5.pdf

Download (75kB) | Preview

Abstract

Овој труд е наменет за студентите по економетрија во додипломските студии за полесно совладување на практичните аспекти од примената на економетриските техники. Во извесна мера, тој може да се применува и за решавање конкретни проблеми во работењето на деловните субјекти. Трудот е структуиран во два дела: илустриран прирачник за Microfit и збирка решени задачи по економетрија. Прирачникот, што е разработен во првиот дел од книгата, претставува водич за едноставна примена на софтверскиот пакет Microfit. Во тој контекст, како посебни секции се разработени повеќе теми од практичната работа, како што се: стартување и конфигурирање на Microfit, започнување нова сесија во Microfit, зачувување на податоците, исцртување графикони, анализирање на податоците, регресиона и пострегресиона анализа, како и зачувување на резултатите од анализите во Microfit. Прирачникот е пот-крепен со голем број илустрации коишто ја олеснуваат примената на овој софтверски пакет. Прегледот на сите илустрации и табели е даден на почетокот од прирачникот. Збирката задачи, во вториот дел, содржи бројни обработени примери од економетрија. Притоа, поголем акцент е ставен на проблемите што произлегуваат од следниве теми во економетријата: графичка анализа на податоците, оценување на модели со една и повеќе независни променливи, избор меѓу повеќе алтернативни модели, спроведување дијагностички тестови врз економетриските модели како и користење на моделите за предвидување и донесување соодветни деловни одлуки. Заради воспоставување поврзаност меѓу двата дела, при анализите на задачите од збирката, во голема мера, се користени извештаи и графички прикази добиени со помош на Microfit. Во прилог кон овој труд, приложен е компакт диск што ја содржи демо верзијатa на софтверскиот пакет Microfit 4.0, како и податоците за задачите од вториот дел. На тој начин, овозможено е полесно совладување на задачите и користење на овој софтверски пакет за решавање бројни практични проблеми.

Item Type: Book
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 02 Dec 2019 10:00
Last Modified: 10 Dec 2019 09:48
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/2119

Actions (login required)

View Item View Item