МОДЕЛИ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ Д-р Љупче Маркушески, Економски факултет-Прилеп, Д-р Мирослав Андоновски, Економски факултет-Прилеп,

Ljupco Markuseski, LjM and Miroslav Andonovski, MA (2012) МОДЕЛИ ЗА ЕЛИМИНИРАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈАТА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ Д-р Љупче Маркушески, Економски факултет-Прилеп, Д-р Мирослав Андоновски, Економски факултет-Прилеп,. International scientific coference MIGRATION AND LABOUR MARKET.

[img] Text
modeli za eliminiranje na diskriminacija.doc

Download (98kB)

Abstract

Апстракт Побарувачката на трудот, на пазарот на трудот се добива со собирање, односно агрегирање, на поединечни побарувачи на труд од секое претпријатие. Во услови кога на еден пазар многу претпријатијата произведуваат ист производ и меѓусебно се конкурираат, или пак кога платите на пазарот на трудот на работниците опаднале, тогаш секое од претпријатието ќе сака да ги зголеми аутпутите, бројот на производите, со вработување нови работници. Но ова ако го направи едно претпријатие нема да предизвика промени зошто претпријатието е многу мал дел од пазарот, но доколку ова го направат сите претпријатија ќе дојде до зголемена понуда и ќе се намали цената на стоката и ќе предизвика намалување на маргиналниот приход на трудот. На пазарот, главно, се јавуваат три можни модели за дискриминација на пазарот на трудот и тоа: • Личната предрасуда, каде што работодавците не сакаат да комуницираат со одредена раса, пол или политичка припадност, што кај нас е основна причина за дискриминација; • Генерализирање на карактеристиките на одредена група со индивидуата, односно, однапред донесен статистички заклучок врз основа на однесувањето на групата; • Присуство на неконкурентни сили на пазарот. Иако овие модели генерираат практични проникнувања, не може со сигурност да кажеме дека некој од овие модели е супериорен. Во овој проект ќе биде применет методот на објективно собирање, анализирање и интерпретирање на податоците со што процесот на истражување добива научен карактер. Со помош на овој методолошки пристап, со примената на современите квантитативни методи и модели, и тоа преку систематско, емпириско и аналитичко истражување, со однапред поставените хипотези, нивно тестирање, ќе се обидеме да придонесеме за елиминирање на пазарната дискриминација. Клучни зборови: пазар на трудот, плати на работниците, дискриминација на пазарот на трудот.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 29 Jun 2016 08:29
Last Modified: 29 Jun 2016 08:29
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/168

Actions (login required)

View Item View Item