Клучни фактори и индикатори за мерење ан интелектуалниот капитал во банкарскиот сектор на Република Македонија

Sotiroski, Kosta and Janeska, Margarita and Taleska, Suzana (2002) Клучни фактори и индикатори за мерење ан интелектуалниот капитал во банкарскиот сектор на Република Македонија. In: Прва меѓународна научна конференција „Современите менаџерски предизвици и организациските науки“,во организација на Бизнис Академија Смилевски, 21-22.06.2012, Bitola.

[img] Text
BAS 2012.doc

Download (374kB)

Abstract

Деловниот успех на секоја компанија зависи од способноста за управување со сите расположливи ресурси, како опипливи (материјални и финансиски), што се опфатени со традиционалните финансиски извештаи, така и неопипливи (интелектуалниот капитал - ИК). Исто така, значително расте свеста за улогата на ИК во новосоздадената вредност, којашто не може да биде адекватно искажана во финансиски извештаи. Во таа смисла, за постигнување подобри деловни перформанси и долгорочна конкурентност потребно е банкарските институции во Р. Македонија да го мерат ИК. Со примена на постојните методи за мерење на ИК: Intangible Assets Monitor (IAM), Danish Guidelines, Meritum Guidelines и биланс на знаењето, неопходно е да се дефинираат соодветни модели за мерење и известување за ИК во банкарскиот сектор на Р. Македонија. Во зависност од деловните потреби, изразени преку клучните фактори на ИК, треба да се дефинираат и релевантните индикатори за мерење на ИК во банкарскиот сектор на Р.Македонија. Тоа овозможува компарација на успешноста на банкарските институции во Р.Македонија од аспект на управување со ИК и преземање соодветни деловни корекциски активности. Со оглед на фактот што оваа проблематика не е истражувана во Р. Македонија, трудот ќе биде прв чекор кон пронаоѓање начини, коишто на банкарскиот сектор во Р. Македонија ќе им овозможат подобро да го користат, управуваат и развиваат знаењето коешто создава нова вредност, со што би се зголемила нивната конкурентнот и обезбедил натамошен просперитет. Целта на овој труд ќе биде: - да се идентификуваат реалните потреби за мерење на ИК во банкарскиот сектор во Р. Македонија, - да се добијат квалитетни информации врз научна и стручна основа што ќе придонесат за подобо управување со ИК и - да се предложат мерки за унапредување и развој на ИК во банкарскиот сектор на Р. Македонија. Клучни зборови: интелектуален капитал, мерење на интелектуалниот капитал, индикатори, управување со интелектуалниот капитал.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Economics and Business
Scientific Fields (Frascati) > Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Mr Dimitar Risteski
Date Deposited: 22 Jun 2016 09:28
Last Modified: 22 Jun 2016 09:28
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/124

Actions (login required)

View Item View Item