ИЗБОР И ФОРМУЛАЦИЈА НА ТЕМАТА ВО ПЕТПАРАГРАФСКИОТ ЕСЕЈ И КВАЛИТЕТОТ НА ПИСМЕНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ВО РМ

Janusheva, Violeta (2017) ИЗБОР И ФОРМУЛАЦИЈА НА ТЕМАТА ВО ПЕТПАРАГРАФСКИОТ ЕСЕЈ И КВАЛИТЕТОТ НА ПИСМЕНОТО ИЗРАЗУВАЊЕ НА СТУДЕНТИТЕ ВО РМ. Меѓународно списание за лингвистички, книжевни и културолошки истражувања „Палимпсест“, 2 (4). pp. 199-209. ISSN 2545-3998

Full text not available from this repository.

Abstract

Трудот има за цел да испита колку наставниците придонесуваат за квалитетот на есејската работа преку поучување за изборот и формулацијата на темата (во средното и во високото образование), да ја согледа способноста на студентите да определат и формулираат тема за својот есеј, како и да понуди модел кој ќе им помогне на студентите во изборот и формулацијата на темата и ќе придонесе за квалитетот на есејот. Истражувањето има квалитативна (анализа на содржина) и квантитативна парадигма, како и дескриптивен дизајн. Примерокот го сочинуваат 100 студенти што студираат на Педагошкиот факултет во Битола и 100 пишани изведби на овие студенти. Податоците за размислувањата на студентите во однос на тоа дали наставниците поучуваат за тоа како да се определи и формулира темата се собрани со анкетен прашалник, а податоците за способноста на студентите да ја определат и формулираат темата се собираат преку пишаните изведби на студентите, пред и по поучувањето за тоа како треба да се постапува со изборот и формулацијата на темата. Податоците се анализираат, се споредуваат и се синтетизираат. Резултатите од истражувањето се поразителни. Наставниците во средното и во високото образование не поучуваат за изборот и формулацијата на темата. Студентите не се оспособени за избор и формулација на тема, а оттука е оправдано воведувањето на моделот кој покажува дека се зголемува способноста на студентите за избор и правилна формулација на темата, а тоа, пак, доведува до квалитетен пишан израз.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Mr Josif Petrovski
Date Deposited: 16 Jul 2018 13:24
Last Modified: 16 Jul 2018 13:24
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1218

Actions (login required)

View Item View Item