ЗА ПРЕВОДОТ НА ФРАЗЕОЛОШКИТЕ ИЗРАЗИ

Костадиновска, Бисера and Јанушева, Виолета (2012) ЗА ПРЕВОДОТ НА ФРАЗЕОЛОШКИТЕ ИЗРАЗИ. Меѓународно научно списание „Учител“, 4 (1). pp. 236-240.

[img] Text
ЗА ПРЕВОДОТ НА ФРАЗЕОЛОШКИТЕ ИЗРАЗИ.docx

Download (0B)

Abstract

Фразеолошките изрази (ФИ) се постојани и фиксирани зборовни состави со единствено значење. Тие се карактеризираат со метафоричност и непроменливост. Преку нив се истакнуваат и потенцираат особеностите на одредена јазична средина. ФИ имаат свои специфичности кои особено доаѓаат до израз во процесот на нивното преведување од друг јазик. Нивното преведување од еден во друг јазик за секој преведувч претставува вистински предизвик. Преведувачот треба да знае дека ФИ не преведуваат буквално и дека успешниот превод на еден ФИ во голема мера зависи од неговото познавање на двата кода, како и од неговата умешност. Се забележува дека во визуелните медиуми не се посветува големо внимание на преводот на ФИ, особено при преведувањето на ФИ од јазици кои се типолошки несродни, какви што се, на пример, англискиот и македонскиот. Многу често ФИ од англиски јазик се преведуваат буквално како резултат на што кај гледачот се јавуваат смисловни нејаснотии при следењето на преводот на филмот. На пример, ФИ: Speaking of the Devil на еден локален медиум се преведе како - Зборувајќи за ѓаволот, а всушност значењето на овој ФИ е сосема друго. Ова е тема за која многу е пишувано, но сепак сметаме дека прашањето е актуелно и уште еднаш сакаме да ја потенцираме важноста на точниот превод на ФИ, односно при преведувањето на ФИ да доаѓа до израз смислата, а не буквалното значење на секоја компонента одделно.

Item Type: Article
Subjects: Scientific Fields (Frascati) > Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Education
Depositing User: Mr Josif Petrovski
Date Deposited: 16 Jul 2018 13:15
Last Modified: 16 Jul 2018 13:15
URI: http://eprints.uklo.edu.mk/id/eprint/1166

Actions (login required)

View Item View Item